Министерот за надворешни работи на Република Литванија, Габриелиус Ландсбергис, денеска ќе престојува во работна посета на земјава.
Од МНР информираа дека во рамки на посетата предвидена е средба со неговиот домаќин, министерот, Бујар Османи, а во фокусот на разговорите ќе биде евроинтегративниот процес на нашата земја и конкретната литванска поддршка на тој план, регионалната соработка, безбедносните прашања во светло на руската агресија врз Украина, како и подготовките за НАТО Самитот во Мадрид.
Потоа, литванскиот министер ќе се сретне и со заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, со претседателот на Собранието, Талат Џафери, а ќе биде примен и од претседателот Стево Пендаровски.