• Sun. Nov 24th, 2024

Литија со иконата на Пресвета Богородица Брзопослушница

Благочестиви верници,

Струмичката православна епархија со особена радост Ве поканува на свечена литија на иконата на Пресвета Богородица Брзопослушница.

На 29.4.2022 година (петок) после вечерната служба во манастирот „Свети 15 Тивериополски свештеномаченици“, светата икона ќе биде пренесена во црквата „Свети Димитриј и Свети Григориј Палама“.

Наредниот ден, 30.4.2022 година (сабота) по Светата божествена литургија во црквата „Свети Димитриј и Свети Григориј Палама“ ќе тргне свечената литија кон плоштадот „Гоце Делчев“ каде ќе се одржи молебен на Пресветата мајка Божја.

 Иконата на „Пресвета Богородица Послушница“ потоа со свечена поворка ќе биде вратена во црквата „Свети Димитриј и Свети Григориј Палама“.

Ги повикуваме сите благочестиви Христијани да бидат дел од овој торжествен настан преку кој уште еднаш упатуваме благодарност до Пресветата наша Богородица!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *