• Fri. Nov 22nd, 2024

Лимитиран број судски вештаци- заглавено вештачењето на автобусот од Ласкарци

Од Техничкиот факултет во Битола, каде по наредба на судот за супервештачење беше испратен предметот поврзан со автобуската несреќа во с. Ласкарци, на 17.12.2021 година добиено е известување дека Факултетот не прифаќа да го изврши супервештачењето неопходно за затварање на доказната постапка по предметот и донесување првостепена пресуда, соопшти Основниот кривичен суд Скопје.

„Имено по претходно изведени спротиставени вештачења на одбраната и обвинителството, а пред се за да се запази еднаквоста на оружјето кое во евентауално жалбена постапка може да биде клучно при одлучувањето на второстепениот суд, издадена е наредба за супервештачење. Но, од надлежниот Технички факултет во Битола предметот е вратен со образоложение дека лиценцираните вештаци за машинство се стручни само за енергетика и неможат да вештачат моторни возила, а другите вешти лица веќе учествувале во претходното вештачење. По добивање на известувањето, судот контактираше со Универзитетот во Штип и Машинскиот факултет во Скопје од каде исто така е известено дека истите немаат доволно лиценцирани вешти лица за сообраќајни возила кои претходно не учествуале во изведените вештачења“, велат од кривичниот суд.

Овие наводи, како што додаваат од таму, на денешната главна расправа, биле соопштени пред странките во постапката кои воедно биле известени дека предметот е веќе испратен во Бирото за судски вештачења кои имаат можност да формираат тим од лиценцирани вешти лица и да го изготват супервештачењето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *