• Sat. Nov 23rd, 2024

Летови од Скопје за Солун од 5 април ама со негативен ПЦР тест

By

Mar 24, 2021

Агенцијата за цивилно воздухопловство на Грција соопшти дека од 5 април ги укинува рестрикциите за летови меѓу Грција и Македонија, Албанија и Турција. Летовите од Македонија од 5 април ќе бидат дозволени кон сите грчки аеродроми, а не само кон атинскиот аеродром како што беше до сега.

Грција ги продолжува ограничувањата за воздухопловните врски во рамките на самата земја до 29 март во 6 часот наутро, со исклучок на неодложни потреби како што се патувањата од здравствени причини, за деловни цели, за враќање во постојан престој или од објективни семејни причини.

Сите патници од меѓународните летови кои влегуваат во Грција остануваат обврзани да презентираат тест на ковид-19 направен во последните 72 часа пред нивното пристигнување. Патниците кои пристигнуваат од ОАЕ и од Велика Британија подлежат на задолжителен брз тест по пристигнувањето. Патниците од Велика Британија треба да направат нов ПЦР тест на седмиот ден од нивниот карантин по што ќе можат да заминат само ако е негативен.

Меѓународните патници ќе бидат проверувани по пристигнувањето врз основа на постапката дадена во образецот за лоцирач на патници. Во случај да има позитивен патник, тој ќе оди во карантин 14 дена.

извор:https://republika.mk/vesti/balkan/letovi-od-skopje-za-solun-od-5-april-ama-so-negativen-pcr-test/

By

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *