• Fri. Nov 22nd, 2024

Лавина реакции за техно-журката во црквата Свети Илија во Стар Дојран

Лавина реакции од граѓаните по саботната техно-журка во црквата Свети Илија во Стар Дојран. На социјалните мрежи се споделуваат видеа на кои јасно се гледа дека внатрешноста на црквата Свети Илија е искористена како подиум за одржување на журка. Граѓаните се изреволтирани и велат дека е сквернавење на храмот тоа што ваков тип забави се одржуваат во верски објект. Бараат да се преземат мерки и да се забранат вакви настани во иднина.

Забавата со ди-џеј се одржа во рамките на Д фестивал кој овој викенд од 1 до 3 јули се одржуваше на неколку локации во Дојран.

Црквата имала согласност само за одржување на поетски настани и концерти на камерни состави што изведуваат класична музика. Ваквиот настан е преседан и ќе се бара одговорност од организаторот.

Црквата има големи димензии (32 на 20 метри), има галериски дел и поради просторноста и акустичноста е погодна и како сцена за културни настани.

Црквата Свети Илија во Стар Дојран датира од средината на 19 век. Била разурната во 1916 година, за време на Првата светска војна. Нејзината реконструкција траеше со години, а надлежен беше Завод и музеј Струмица. Тогаш, арехеологот Зоран Рујак изјави дека под црквата Свети Илија биле пронајдени темели на постара црква, но, не може да се каже на кој период и припаѓа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *