Фотографи и видеа со риба исфрлена на брегот на езерото ги вжешти социјалните мрежи од коментари со загриженост, но и критика дека Дојран е во опасност. Првата фотографија ја објави поранешната пратеничка и функционерка од ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева која напиша во објавата на фејсбук напиша „Риба останата без вода“. Градоначалникот Ангов реагирше дека ова се тенденциозни коментари и лажни информации што му штетат на Дојран во очи новата туристичка сезона.
Градоначалникот објаснува дека исфрлената риба е белвица која е во период на мрестење. Таа се мрести на површината па рибата е исфрлена од брановите.
Дојран се подготовува за нова туристичка сезона. Општината очекува дека оваа ќе биде една од најдобрите по велигденските празници, кога градот го посетиле околу 30 илјади гости.