• Thu. Nov 21st, 2024

Културното лето продолжува

ByDimitar Micev

Aug 7, 2022
gevgelija

Културното лето продолжува на гевгеличани и во втората недела од август. На листата за одржување на проектните активности за „Гевгелиско лето“, се запишани пролонгираната Промоција на мурал од Миле Ничевски, Концерт на гитаристите од Школата за гитара и Промоција на поетска збирка „Сонцестој“ од Катерина Гогова. Промоцијата на муралот на гевгелискиот ликовен уметник Миле Ничевски е презакажана за 9 август, 2022 година, со почеток во 20:00 часот. На 10 август, на платото пред Народниот театар, со почеток во 20:30 часот, ќе биде одржан Концерт на гитаристи, на кој ќе бидат презентирани усвоените знаења за свирење гитара и бас-гитара на дечињата кои ја посетуваат Школата, под менторство на Костадин Динев, гитаристот и член на групата „Зијан“. На кој ќе бидат презентирани усвоените. На 12 август, на платото пред Градската библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија, ќе биде промовирана поетската збирка „Сонцестој“ на Катерина Гогова. Промотор ќе биде Ирена Јурчева, професор и преведувач, авторка на поезија и кратка проза. Промоцијата ќе започне во 20:00 часот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *