Учениците од седмо и осмо одделение од основното училиште „Свети Кирил и Методиј“ од Дабиље драматизираа на тема родова еднаквост. Учениците заедно со здружението за музика, уметност и култура „Хармонија Акорд“ го обработија текстот на сликовницата „Розелија и Синовило“.
Настанот се одржа во основното општинско училиште „Кирил и Методиј“ во Дабиле, под наслов „Куклена сказна“.
Проектот беше одржан по повод Месецот на книгата и Светскиот ден на детето. Темата на драматизацијата е поврзана за родовата еднаквост, односно со поделбата на машки и женски работи. Во склоп на драматизацијата, настанот беше збогатен и со уште неколку точки на кои учествуваа ученици од основното училиште Св. Кирил и Методиј од село Дабиље.