• Fri. Nov 22nd, 2024

Кривични за три лица со лажен ПЦР

Поднесени се кривични пријави против три лица од Русија, Скопје и Куманово, за приложување лажен ПЦР тест на граничниот премин „Табановце“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

„СВР Куманово и Регионалниот центар за гранични работи Север поднесоа кривични пријави против А.Н.(25) од Русија, К.А.(31) од Скопје и А.О.(35) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. Пријавените, на излез од државата на граничен премин Табановце, покажале фалсификувани негативни ПЦР тестови“,

се вели во соопштението на МВР.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *