• Fri. Nov 22nd, 2024

Кризниот штаб препорача ковид-изолацијата да трае седум дена

Препораката од Главниот координативен кризен штаб следува по усвојувањето на предлогот од Комисијата за заштита од заразни болести и веќе е доставена до Владата, а за неа ќе треба да се расправа на следната владина седница

На синоќешната седница Главниот координативен кризен штаб ја усвои препораката на Комисијата за заштита од заразни болести за кратење на периодот за изолација на ковид-позитивните од десет на седум дена.

Препораката за кратење на изолацискиот период е врз основа на предлогот на Комисијата за заштита од заразни болести поради, како што наведуваат од  Владата, полесната клиничка слика што ја предизвикува сојот омикрон.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *