Одделението за внатрешни работи Радовиш, до Основното јавно обвинителство Радовиш поднесе кривична пријава против Д.А.(53) од село Војиславци, радовишко.
Лицето се сомничи дека во периодот од октомври 2021 година до август 2022 година извршил пет кривични дела „тешка кражба“ во два манастира и една црква во близина на село Војславци, радовишко.
На 26.09.2022 во 17.30 часот во Полициската станица Радовиш биле приведени З.Ј.(30) и Т.Ј.(58) од село Ораовица, радовишко, затоа што околу 17.00 часот во нивното дворно место го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна тепачка. По целосно расчистување на случајот против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 26.09.2022 во 20.05 часот во СВР Струмица, Б.Д.(40) од село Јосифово, валандовско, пријавил дека во угостителски објект во село Јосифово бил физички нападнат од П.Т.(28) од истото село. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.