• Sat. Nov 23rd, 2024

Кривична за наставик од струмичко кој допирал ученичка

СВР Струмица до надлежното обвинителство  поднесе кривична пријава против 40-годишен наставник од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години” , казниво по член 188 од Кривичниот законик.

Пријавениот, наставник во основно училиште во струмичко, е осомничен дека во периодот од октомври 2020 до април 2022 година преку социјална мрежа Фејсбук праќал пораки на малолетна ученичка во училиштето со кои сакал да ја наведе на сексуален однос, а во два наврати и ја допирал по телото.

– На 20.05.2022, таткото на девојчето го пријавил случајот во полициска станица и приложил докази, по што биле преземени мерки и наставникот на 21.05.2022 бил лишен од слобода во Куманово, а подоцна бил спроведен во СВР Струмица и со него бил извршен службен разговор, информира МВР.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *