• Fri. Nov 22nd, 2024

Кривична пријава за самовластие за вработената во „Комунална хигиена“ 

Министерството за внатрешни работи информираше дека во врска со пријавено кривично дело „самовластие“ пријавено на 08.08.2022 од страна на Ф.С., новинар од ТВ Клан, а сторено од А.М.Б., вработена во ЈП Комунална хигиена-Скопје во просториите на јавното претпријатие, преземени се соодветни мерки и активности и случајот е расчистен, информираа надлежните.

Од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал, биле превземени мерки и активности за документирање на кривично правниот настан, при што на 09.08.2022 во просториите на ЕНК ОНК при СВР Скопје била повикана А.М.Б., која го одземала мобилниот телефон на оштетениот Ф.С. и со неа бил извршен службен разговор во врска со пријавеното кривично дело.

Исто така на 09.08.2022 година во просториите на ЕНК ОНК при СВР Скопје повикан е С.К., вработен во ЈП Комунална хигиена- Скопје, кој бил присутен за време на настанот, соопшти полицијата.

По извршената консултација со ОЈО Скопје, против А.М.Б. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *