• Thu. Nov 21st, 2024

Кривична пријава гевгеличанец осомничен за разбојништво во аптека

ByВане Трајков

Nov 16, 2022

Одделението за внатрешни работи Гевгелија, до Основното јавно обвинителство Гевгелија, поднесе кривична пријава против Т.А.(38) од Гевгелија поради сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот закон. На 06.11.2022 во аптека лоцирана на ул.„Слободан Митров Данко“ во Гевгелија со закана кон вработената одзел пари од дневниот промет.  
На 08.11.2022, со наредба на Основен суд Гевгелија, бил извршен претрес во дом и помошни простории кои ги користи пријавениот, при што биле пронајдени предмети поврзани со кривичното дело.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *