• Sat. Nov 23rd, 2024

Ковид-центарот во Струмица повторно полн пациенти

Ковид-центарот во Струмица повторно полн пациенти. Ситуацијата со Ковид-19 во струмичко е променлива и непредвидлива. Преку ноќ се полнат капацитетите во ковид-центрите. Така било и изминатиот викенд кога голем број граѓани имале потреба од болничко лекување. Директорката на општа болница Струмица, Катерина Кузмановска, вели дека најважно е да се следи состојбата на пациентите и да се реагира ако има промени.

Во југоисточниот регион има околу 1100 активни случаи на Ковид-19. Најголем број заразени има во Струмица-573 и Гевгелија-350.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *