• Fri. Nov 22nd, 2024

Ковачевски: Им оддавам признание на сите работници во земјата

Премиерот Димитар Ковачевски во пораката до работниците во земјата, истакна дека тие во него и во Владата имаат сојузник за секое прашање и дека заедно со работниците и синдикатите ќе бидат надминати сите предизвици.

„Работниците се движечката сила на економијата и општествениот развој. Затоа оваа Влада и јас како премиер го препознаваме и вреднуваме нивниот труд. Меѓународниот ден на трудот годинава го славиме во услови на глобална економско-енергетска криза. И покрај сите предизвици, останавме посветени на подобрување на условите за работа и зголемување на платите на работниците.Уште во првите три недели од работата на новата Влада дојдовме до историското зголемување на минималната плата на 18.000 денари“, вели Ковачевски.

Потсетува дека со Сојузот на синдикатите на Македонија е започнат дијалог за постигнување на нов општ колективен договор за јавниот сектор. Со него, како што потенцира, ќе се овозможи континуиран раст на платите според критериуми кои заеднички ќе ги утврдиме.

„Има уште многу работа на ова поле, но заедно со работниците и синдикатите ќе ги надминеме сите предизвици“, нагласува Ковачевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *