Претседателот на Владата Димитар Ковачевски од денеска до петок ќе учествува на Форумот за безбедност Глобсек што се одржува во главниот град на Република Словачка, Братислава.
На Форумот, на кој учествуваат шефови на држави и влади од Европа и светот, и кој ќе го отворат претседателката на Република Словачка Сузана Чапутова, претседателот на Република Украина Владимир Зеленски со видеообраќање и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, учествуваат и претставници на најзначајните и највлијателни меѓународни организации и тинк-тенк организации.
Ковачевски на Форумот Глобсек Братислава ќе учествува на панелот „Сега или никогаш: Откривање на европската иднина за Западен Балкан“.