• Fri. Nov 22nd, 2024

Костуранов го дизајнираше новото лого на Универзитетот „Гоце Делчев“

Визуелниот уметник и сликар Ване Костуранов го осмисли новото лого на штипскиот универзитет „Гоце Делчев“. Костуранов понуди нов изглед на логото, модерна и едноставна варијанта на оригиналното лого на Универзитетот.

 Избраното лого е модерна, симплифицирана и стилизирана верзија на оригиналното лого на Универзитетот „Гоце Делчев“, на кое е претставена зградата на Ректоратот. Оваа зграда е училиштето во Ново Село – Штип, каде што учителствувал Гоце Делчев, а сега е зграда на Ректоратот на Универзитет „Гоце Делчев“. За мене, како дизајнер, беше важно да дојдам до решение кое е модерно и лесно препознатливо на различни медиуми и апликации, но во исто време, решение кое успешно ја претставува универзитетската историја и традиција, како и наследството што ни е оставено од еден од нашите најголеми великани, Гоце Делчев. Црвената, која е традиционална боја за Универзитетот „Гоце Делчев“, е симбол на храброста, животот и знаењето – вели уметникот Ване Костуранов.

УГД има за цел целосно да го промени својот имиџ, да го засили својот бренд како со квалитет на програмите и знаењето што го добиваат студентите, така и јавниот изглед преку целосна визуелна промена на логото и веб страницата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *