Костадинов: Зарем треба Гоце Делчев да стане од гробот за да се изјасни кој е, чив е, за што се борел? Денеска името на Делчев се злоупотребува за дневно-политички цели и интереси а политичарите што го прават тоа не ја познаваат и не ја почитуваат неговата идеологија. Ова го рече во своето обраќање струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов, по повод 119 годишнината од смртта на големиот македонски револуционер.
Говорејќи пред споменикот на Делчев на плоштадот во Струмица, Костадинов порача дека треба да се издигнеме над себе и да се обединиме за да бидеме достојни следбеници на делото на Гоце Делчев.
Еве го целото обраќање:
https://www.facebook.com/kanalvis/videos/956864944938332