Градоначалникот Костадин Костадинов денеска потпиша договори со 16 лични асистенти.
-Тоа се 16 лични асистенти на ученици со попреченост вклучени во редовниот образовен процес и тоа 14 во Струмица и по еден во населените места Муртино и Градско Балдовци. Во пријатна и атмосфера исполнета со конструктивни разговори и идни планови, ги потпишавме договорите за нивно работно ангажирање до крајот на оваа учебна година. Им се заблагодарив што се пријавија на јавниот повик и им посакав успешна работа, напиша градоначалникот Костадинов на Фејсбук.
За ангажирањето на 16-те лични асистенти обезбедени се средства од општинскиот буџет. Струмица е првата општина во Република Северна Македонија која започна со ангажирање на лични асистенти на ученици со попреченост вклучени во редовниот образовен процес уште во 2016 година, додаде Костадинов.