Градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов, преку својот Фејсбук профил информира дека утре ќе почне голема акција на отсранување на дивоградбите сместени над новите турски гробишта, за да се отвори простор за изградба на социјална населба.
-Денеска повеќе од било кога барам од вас поддршка, разбирање и толеранција. Утре 15 април започнуваме со рушење на дивоградбите над новите турски гробишта каде е планиран најголемиот проект во општина Струмица до сега, изградба на социјална населба за дислокација на нелегалните објекти од улица „Климент Охридски“. Барам поддршка од моето турско маало, но и од цела Струмица, од сите населени места, од институциите од сите вас. Мораме Струмица да ја направиме достоинствено место за живеење, број еден во државата, вели Костадинов на својот ФБ профил