Сајбер безбедноста е во фокусот на првата панел дискусија на конференцијата во Тирана на која учествува и струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов. Во телефонски повик од Тирана, Костадинов вели дека главна тема на денешните дискусии се „паметните“ градови.
Костадинов вели дека конференцијата е одлична можност да се разменат искуства со големите општини и да се направат нови контакти за соработка.
Дводневната конференција во Тирана се одржува под мотото „Паметно, сигурно, зелено“.