• Sat. Nov 23rd, 2024

Костадинов на средба со претседателката на НП за женско претприемништво

Градоначалникот на Општина Струмица, КОстадин КОстадинов денес се сретна со претседателката на Националната платформа за женско претприемништво, Валентина Дисовска.

-Родовата еднаквост во економскиот развој на oпштината е еден од предизвиците во мојот мандат. Верувам во потенцијалите на жените и нивниот претприемнички дух и заедно ќе ги искористиме сите можности за негово унапредување.Развојот на женското претприемништво и формирањето на Здружение на бизнис жени, се дел од моите ветувања, а кои веќе почнаа да се реализираат., вели градоначалникот Костадинов на овој Фејсбук профил.

Дисоска ги претставила целите на проектот, меѓу кои главните се градење на Националната платформи како главен социјален партнер за креирање политики и реформски процеси, олеснување на структурниот дијалог, вмрежување и консултации меѓу засегнатите страни од женското претприемништво на национално и локално ниво, промовирање на жени претприемачи како двигатели на промените во јавната политика, а се интересираше за плановите на општина Струмица во однос на унапредувањето на економскиот статус на жената.

-Со потпишувањето на Декларацијата за унапредување на женското претприемништво ја дадов мојата поддршка на политиките и мерките за економско зајакнување на жената и ги презентирав моите планови во оваа област кои предизборно им ги ветив на жените од општина Струмица, а тоа се развој на женското претприемништво и формирање на Здружение на бизнис жени.▫️Тоа значи максимален влог во создавањето на поволна бизнис клима и поддршка на бизнис идеите на жените. Затоа ги охрабрувам сите жени со претприемнички дух да бидат креативни, упорни и да ги искористат своите потенцијали, додава градоначалникот Костадинов.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *