„Политичката сатира ми е привлечна како тема за карневал, тоа отсекогаш ме привлекувало“. Ова го изјави струмичкиот градоначалник Костадинов кој синоќа во друштво на светски лидери и политичари, познати ликови од историјата пристигна на маскенбалот во хотелот Сириус. Костадинов вели дека имале неколку консултации за тоа како ќе изгледа групната маска, но се договориле дека треба да работат на оваа идеја.
Костадинов го претставуваше поранешниот претседател на Југославија, Јосип Броз Тито, додека неговата партнерка, девојката Гордана, го носеше ликот на Јованка Броз. Пријателите на градоначалникот ги претставија Гадафи, Хитлер, Чегевара, а присутни беа и папата Франциск и мајка Тереза.
Синоќешниот маскенбал беше спој на домашни и странски маски. Заедно се дружеа струмичките и македонски карневалџии со гостите од другите земји.