Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов упати честитка по повод Денот ма македонската револуционерна борба.
-Денес Струмица и струмичани на достоинствен начин ја прославија 81- годишнината од првите истрели во Прилеп и Куманово, со што започна Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија. Македонскиот непокор повторно стапи на сцена со единствена цел – слобода на Македонија и македонските граѓани.
11 Октомври – Денот на македонското востание и Денот на борецот е еден од трите најголеми историски празници, покрај Двата Илиндена и Денот на независноста. Ова е нашето историско ,,тројство” кое не прави исполнети и горди . Нека биде така за вечни времиња.
Честит и вековит нека биде 11 Октомври – Денот на востанието на македонскиот народ и Денот на борецот, вели Костадинов во честитката.