• Fri. Nov 22nd, 2024

Костадин Ристоманов избран за претседател на советот во Ново Село

Единствениот советник на иницијативата „Стига е“ во општина Ново Село, Костадин Ристоманов, ќе претседава со советот во оваа општина. Тој е избран на предлог на советничката група на СДСМ, откако не бил поддржан советникот предложен од ВМРО-ДПМНЕ.

Во оваа општина двете најголеми политички партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ освоија по седум советници на локалните избори, додека „Стига е“, иницјативата којашто потекна од активистите против рудници освои еден пратеник.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *