Конзервиран турскиот амам во Дојран. Старата турска бања веќе се наоѓа на туристичката мапа за посета.
Целиот проект се реализираше со средства обезбедени од ИПА прегуранична соработка со Р.Бугарија, проект кој беше во пакет со реконструкција на “Саат кулата” и пристапните патеки до истите.
Општината се надева дека понудата ќе продолжи да се зголемува со интересни историски, културни из абавни содржини за развој на локалниот туризам.