• Mon. Nov 25th, 2024

Конституирано Локалното собрание на млади во Општина Гевгелија

Во заседание на Иницијативниот одбор заорганизирање на Локално собрание на млади, денеска се одржа Конститутивната седница на Локалното собрание на млади во Општина Гевгелија. Од редовите на членовите, кои беа номинирани од страна на младинските организации, организации за млади, политички помладоци, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување по распишаниот

Јавен повик за членство во Локално собрание на млади од страна на Општина Гевгелија, се избира тричлена верификациона комисија, составена од: Кристијан Алчинов, Андон Ангов и Марија Јовановска, која ќе биде одговорна за следење на целокупниот процес за изборот на членови во Локалниот младински совет. Исто така, од редовите на членовите беше избран и претседавач на Локалното младинско собрание по пат на тајно гласање. Согласно критерумите за избор, за претседавач на Локалното младинско собрание е избрана Ангела Шаренкова. На конститутивната седница, се формираше и Комисија за подготовка на Деловник за работа на Локалното младинско собрание во Општина Гевгелија, во која членуваат: Милчо Јовановски, Тијана Ристовска, Мартин Илиев, Трајче Динев, Ѓорѓе Костаќев и Дејан Марков.           

Задача на членовите на Локалното собрание на млади е да распише јавен повик и да избере членови на Локалниот младински совет на Општина Гевгелија. Одлуката за распишување Јавен повик за членство во Локалниот младински совет ќе се донесе на првата седница на Локалното собрание за млади.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *