Утре вечер во почеток од 19.30 во големата сала на Центарот за култура „Антон Панов“ ќе се одржи концерт на државниот музичко-балетски училишен центар „Илија Николовски-Луј“ од Скопје. Темата на концертот е „Од умот се подизгубив за едно лично“ и е во организација на насоката за традиционална музика и игра.
Директорката на Луј, познатата пијанистка Даница Стојанова вели дека учествуваат околу 30 ученици од прва до четврта година, а вклучени се и ученици со попречености.