Реномираната пијанистка Даница Стојанова на 6 септември ќе одржи концерт во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица. Концертот е со почеток од 20.00 часот а средствата од влезниците се наменети за изградба на храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Струмица.
Стојанова ќе изведува програма од Аврамовски, Бах-Лист, Зографски, Шопен и Коларовски.
Даница Стојанова денес работи како професор по пијано и камерна музика во средното музичко училиште „Илија Николовски-Луј“.
Како солист настапувала во Македонија, Бугарија, Украина, Турција, Малезија, Германија, Холандија, Франција, Италија, Косово, Србија, Италија, Чешка. За својата работа добила многу домашни и меѓународни награди.