• Fri. Nov 22nd, 2024

Комисијата препорача рестриктивните мерки да траат уште седум дена

Комисијата препорача рестриктивните мерки да траат уште седум дена. Комисијата за заразни болести, неофицијално, препорача досегашните рестриктивни мерки да бидат продолжени за уште една недела.

Тоа значи дека полицискиот час и во текот на оваа недела ќе почнува во 20 часот, а угостителските објекти ќе бидат затворени. Со последните рестрикции, воведена беше забрана и за работа на сите обложувалници, како и сали наменети за вежбање, а се забрани и организирањето на секаков вид семинари и конференции.

Владата утре на седница ќе ја разгледа препораката за продолжување на мерките.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *