Добро како за кризна година. Без некои брилијантни успеси, но, најдобро што може да се извлече од дадените услови. Вака ја коментираат изминатата 2022 година градоначалниците од Југоистокот. Без поголеми задолжувања, со враќање на дел од напластените долгови и солидна реализација на буџетите на поголемиот број општини. Според радовишкиот градоначалник, Ацо Ристов, направени се многу кратења за да се реализираат предвидените инфраструктурни проекти.
И струмичкиот градоначалник Костадинов смета дека 2022 година поминала солидно. Вели дека не се откажале од инвестициите, иако поскапената електрична енергија им „изеде“ сериозни пари од буџетот.
Задоволен е и градоначалникот на руралната општина Василево, Славе Андонов. Тој потенцира дека општината затекла долг од околу еден и пол милион евра и блокирана сметка, но почнале полека да намалуваат од долговите.
Во просек, сите десет општини од Југоистокот успеаа да реализираат околу 80 проценти од ланскиот буџет.