• Mon. Nov 25th, 2024

Колку хектари шума пеплосаа 142-та пожари лани?

Статистика пресмета колкави површини под шуми се уништени во големите пожари кои лани ја зафатија Македонија.

Како што објави Државниот завод за статистика, во периодот јуни – септември 2021 година во земјава избија многу шумски пожари. Огнените јазици „проголтаа“ секаков вид на шуми, а најголеми штети има по мешовитите насади. Вакви пожари немало со децении.

„Со цел да се обезбедат сознанија за големината и штетата од овие пожари, Државниот завод за статистика во соработка со ЈП Национални шуми спроведе дополнително статистичко истражување за шумските пожари. Според тие податоци, во периодот јуни – септември 2021 година, имаше 142 шумски пожари од кои беа зафатени 11.420 ха површината под шума. Од вкупните штети од пожарите најмногу беа зафатени шумите од мешаните насади, кои учествуваа со 52.2 отсто, шумите од листопадни видови со 30.2 отсто, шумите од иглолисни видови со 10.1 отсто, додека приземната вегетација учествуваше со 7.4 отсто. Опожарената дрвна маса во шумите изнесува 482.106 м3, а износот на проценетата материјална штета изнесува 2.318 091.000 денари“, објави ДЗС.

Апокалиптични сцени имаше во источниот дел на Македонија, каде огнот не само што ги пеплоса дрвјата туку се доближи и до селaта, а беа зафатени дел од куќите и помошните oбјекти. За да се обнови шумскиот фонд, есента имаше пошумување.

Шумарските инженери коментираат дека штетите се големи и ќе треба долго време за да се обнови шумскиот фонд.

извор: фактор.мк

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *