Сречко Гунчев синоќа ја отвори седмата изложба на фотографии насловена „Апстрактни вибрации“. Низ 33 фотографии принтани на среден и голем формат, тој доловува најразлични детали кои создаваат апстрактни форми коишто секој може да ги толкува како што сака.
„Тоа најмногу ме фасцинира. Јас ќе фотографирам разлеано масло во вода, или пукнатина на ѕид, а тие ќе видат поле со цвеќиња, зимски пејзаж и што ли не. Според нивната фантазија,“ вели Сречко.
Фотографира речиси четириесет години, професионално и приватно, но, му недостига слободно време за да се посвети на фотографирањето и на темите што отсекогаш го интересирале да ги истражи низ фотографија.
Еве дел од интервјуто што со Гунчев го направивме пред изложбата.