• Sat. Nov 23rd, 2024

Кога Англија губи во фудбал, расте семејното насилство

Најнова студија открива дека семејното насилство во Англија се зголемило за 38 проценти кога нејзината фудбалска репрезентација губи на фудбалски натпревари.

Жртвите на семејно насилство повикувале хуманитарни организации за поддршка, по загубата на Англија од Италија во финалето на Евро 2020 во неделата вечерта.

Хуманитарните организации за семејно насилство, за женска помош и поддршка се обратија до сите оние кои претрпеле ескалирано насилство во своите домови откако милиони луѓе во Велика Британија го следеа поразот на нивната фудбалска репрезентација.

Двете организации соопштија дека бројот на пријавени случаи на злоупотреба бил зголемен по фудбалските натпревари, а студија од Универзитетот во Ланкастер сугерира дека насилството најмногу се зголемило кога Англија губи, пренесуваат англиските гласила.

„Фудбалот не предизвикува семејно насилство – тоа е предизвикано од насилници кои решаваат да употребат сила и контрола над своите жртви“, рече Фарах Назир, извршна директорка на „Женска помош“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *