• Fri. Nov 22nd, 2024

Книжевниците од Македонија и Бугарија ги немаат недоразбирањата на политичарите

Книжевноста не е контаминирана од политичките проблеми. Ова е заклучокот на поетите кои викендов учествуваа на 13 Книжевна визита во Софија. Поетесата Наташа Сарџоска вели дека токму во Бугарија македонските автори се доста застапени и преведувани.

Пред софиската публика во Македонскиот културно-информативен центар во Софија се претстави и творештвото на поетот и професор Зоран Анчевски. За него беседеше професорот Владимир Мартиновски.

Десетина поетеси и поети од Македонија викендов учествуваа на 13 книжевна визита во Софија. Организатор традиционално е издавачката куќа Макавеј, а посетите ги поддржува и Министерството за култура.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *