Писателот Киро Донев и Ленче Кукиќ добија признанија од о. Босилово по повод Денот на општината. Нивните признанија се за афирмацијата на општина Босилово со својата општествена дејност. Имено, покрај тоа што е роден во село Моноспитово, Киро Донев веќе речиси две децении живее во ова населено место. Исто така и Ленче Кукиќ којашто е родена во Босилово, преку својата естрадно-уметничка работа придонесува за афирмација на оваа општина.
“10 Април е датумот кога го славиме Денот на општина Босилово.Наша заедничка обврска е да го вложиме целиот свој потенцијал, знаење и енергија да ја направиме општина Босилово современа и модерна општина.За многу години и уште многу генерации да го слават Денот на општината”, напиша на својот фејсбук профил градоначалникот Ристо Манчев.