• Sat. Nov 23rd, 2024

Кинескиот амбасадор во посета на Општина Ново Село

Денес во официјална посета на Општина Ново Село беше Амбасадорот на Н.Р. Кина, Н.Е. Џанг Ѕуо, објави градоначалникот Ѓорге Божинов на својот Фејсбук профил.

-На средбата разговаравме за економската соработка, како и за туристичките потенцијали на нашата општина, и можноста да биде посетена од туристи кои доаѓаат од Н.Р. Кина. Во блиска иднина ќе работиме на имплементација на проекти, кои ќе го потпомогнат економскиот развој на Општина Ново Село, се вели во информацијата од градоначалникот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *