Кина не дава податоци на СЗО за почетокот на пандемијата. Кина одби да му достави на тимот на Светската здравствена организација необработени податоци од почетокот на пандемијата. Ова го изјави член на тимот на СЗО, потенцијално комплицирајќи ги напорите да се разбере како започнала инфекцијата.
Тимот на СЗО побара необработени податоци од 174 пациенти. Тие беа меѓу првите што се заразија со Ковид-19 во Вухан во декември 2019 година. За возврат добија само заклучоци, рече Доминик Дваер, австралиски имунолог, кој е меѓу членовите на тимот на СЗО.
Податоците што се бараат од СЗО обично би биле анонимни, но содржат детали како што се прашања и одговори на пациентите и анализа на нивните одговори.
„ Вообичаена практика е кога започнува истрагата за инфекцијата“, изјави Дваер за Ројтерс по враќањето во Сиднеј, каде што во моментов е во карантин.
Кина не дава податоци на СЗО. Австралиецот додаде дека пристапот до тие податоци е од голема важност, бидејќи само половина од 174 случаи биле поврзани со пазарот Хуанан, каде што првично бил откриен вирусот.
„ Затоа инсистиравме на тие податоци, а зошто не ги добивме, не можам да коментирам. Дали е тоа политичка причина, временски, или е тешко да се добијат тие податоци. И дали има други причини зошто податоците не се достапни, не знам. Можеме само да шпекулираме “, додаде Дваер.
Тимот на СЗО во Вухан
Делегацијата која се состои од неколку експерти допатува во кинескиот град Вухан во средината на јануари. Таму првобитно се појави новиот тип на коронавирус, јави Агенција Анадолија (АА).
Делегацијата се состои од научници и експерти од САД, Австралија, Германија, Јапонија, Велика Британија, Русија, Холандија, Катар и Виетнам.
Членовите на тимот по доаѓањето веднаш беа тестирани на Ковид-19 и ставени во карантин.
За време на перидот од 14 дена карантин, со кинеските официјални претставници одржуваа онлајн состаноци и така започнаа со работа.
Сепак, не се дадени информции во кој обем ќе се спроведува истражувањето и дали експертите ќе собираат примероци.