Градоначалникот на Општина Ново Село, Ѓорге Божинов и директорот на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Ѓоко Камчев денеска потпишаа договор за реализација на проектот „Туризмот- иднината на регионот“.
Информацијата, на својот ФБ профил ја објави градоначалникот Божинов кој напиша:
-Денес потпишав договор за партнерство во реализација на проектот ,,Туризмот – иднината на регионот” со Директорот на Центар за развој на Југоисточниот плански регион, Ѓоко Камчев. Со овој проект ќе извршиме партерно уредување, зголемување и подобрување на капацитетите за посета од туристи на излетничките места Мокрински извори и Колешински водопади“.