Ќе се отвора Јавно претпријатие за заловување и третман на бездомни животни. На денешната 46 седница на Советот на о. Струмица е усвоена одлуката за основање на вакво јавно претпријатие во градот. Со тоа се очекува да се реши долгогодишниот проблем на градот со бездомните животни.
Иако повеќе граѓани и неформални организации се обидуваа на згрижуваат бездомни кучиња, сепак, овој проблем бара системско и институционално делување, за што е се изгради и посебен Стационар.
Стационарот за бездомни кучиња е изграден кај Пречистителната станица, но се уште не е профукциониран.
Средствата се обезбедени од Швајцарската влада со поддршка на УНДП.