• Fri. Nov 22nd, 2024

Ќе се гради булеварски мост кај поранешен Агрокор

Ќе се гради булеварски мост кај поранешен Агрокор. Денеска струмичкиот градоначалник потпиша договр за изградба на мост кој, како што рече, целосно ќе се финансира со општински буџетски средства.

Денеска го потпишав договорот за најголемиот капитален проект во општина Струмица, кој што е клучен за развој на долниот дел на градот и финансиран исклучиво од буџетот на општина Струмица. Реализираме клучно, стратешко изборно ветување уште во првата година од мандатот.

Мостот на река Водочница е прв булеварски мост кој ќе биде изграден во историјата на Струмица, вреден 30 милиони денари. Ова значи почеток на реализација на нов булевар Братство и единство,“ напиша на својот фејсбук профил Костадинов.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *