• Thu. Nov 21st, 2024

Ќе се брендира медот што се добива од костеновите шуми на Беласица

Специфичниот мед од костен којшто се собираа од костеновите шуми на планината Беласица треба да се брендира и да стане заштитен знак на струмичките медари. Ова е целта на пчелната задруга „Пчелина рај“ која веќе ја започнала оваа процедура. Велат дека медот е посебен бидејќи е чист костенов мед, со повеќе од 90% нектар од костенов цвет.

Костеновиот мед не само што е реткост, туку од него ќе може и добро да се заработи. За разлика од останатите повеќецветни медови коишто чинат од 500 до 600 денари закилограм, костеновиот достигнува за 505 повисока цена, односно до 900 денари. Затоа пчеларите треба да се поттикнат повеќе да ги користат костеновите беласички шуми.

Беласица не е единствена локација во Македонија каде може да се направи костенов мед. Но, е најголема. Според експертите не само костеновите шуми, оваа планина е со целосно неискористени потенцијали, особено во богатата палета на шумски плодови од кои можат да се прават многу органски производи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *