Ќе се асфалтираат шест локални улици во Богданци. Општина Богданци почна со реализација на проектот за подобрување на локалната патна инфраструктура која се реализира преку министерството за транспорт и врски со заем од Светска Банка.
Од министерството за транспорт и врски велат дека проектот Поврзување на општините со локални патишта има за цел да го подобри урбаното живеење. Во првата фаза се опфљатени 17 општини и 27 улици во должина од 23.6 километри. Вредноста на проектот е 4 милиони евра.
Бочварски вели дека општина Богданци се наоѓа на стратешко место и затоа овој проект не само што треба да го подобри урбаното живеење, туку да создаде услови и за економски развој но и привлекување на странски инвестиции.