Јавниот сервис ја разгледува можноста за повлекување на нашата претставничка на Евровизија, Андреа Коевска, којашто за време на фотографирањето во Торино го фрли на земја државното знаме.
МРТ го осуди, како што оцени, скандалозното однесување на нашата евровизиска претставничка.
„Јавниот сервис на ниту еден начин не стои зад ваквото скандалозно однесување на нашата евровизиска претставничка, која со тој гест покажа непочитување кон националното обележје, што е казниво со закон. МРТ очекува од Андреа да им се извини на граѓаните за ваквото однесување. Јавниот сервис ја разгледува можноста за нејзино повлекување од Евровизија, иако ќе се води сметка да не се предизвика поголема штета по МРТ“, се наведува во реакцијата на јавниот сервис.
Се додава дека против одговорните во македонската делегација ќе бидат преземени сите законски можности за најстрого санкционирање за овој скандал.