За денеска е најавен состанок на Комисијата за заразни болести, на која ќе се разгледува состојбата со корона вирусот. По порастот на бројките на новозаболени, на последниот состанок неделава, Комисијата не препорача нови мерки, освен што се продолжи полицискиот час до шести април. Јавноста е во исчекување на нови, поостри мерки по деновите кога бројките на новозаболени секојдневно се над илјада. Само вчера беа регистрирани нови 1264 случаи.Опозицијата секојдневно реагира дека власта не успева да се снајде во кризата и тешко ја менаџира, додека болничките капацитети се целосно пополнети.