Вчера во периодот од 13.00 до 19.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 57 пречекорувања на брзината, од кои 16 на подрачје на Струмица, 15 на подрачје на Гевгелија и по 13 на подрачјата на Радовиш и Валандово. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.