• Sat. Nov 23rd, 2024

Видео: Казнети 114  возачи на мотоцикли во земјава има и на подрачјето на СВР Струмица

ByВане Трајков

Aug 26, 2022

Во текот на вчерашниот ден (25.08.2022) во периодот од 19.00 до 00.00 часот спроведена е засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 114 возачи. Од нив, 78 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 19 возеле без возачка дозвола, два мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци. Казнети се и 6 возачи на мотоцикли на СВР Струмица

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *