Казан со посен грав се вари на плоштадот „Гоце Делчев“. Традиционалниот бел грав се дели на граѓаните, а денешниот настан е во склоп на карневалските случувања. Казанот со 350 килограми грав е готов и може да го вкусат минувачите.
Со варењето бел грав се означува и почетокот на велигденскиот пост.