• Sat. Nov 23rd, 2024

Катерина Кузмaновска директорка на струмичката болница

Од денеска промени во раководството на ЈЗУ општа болница Струмица. Докторката Катерина Кузмановска директорка на струмичката болница. таа доаѓа на местото на досегашниот директор, доктор Наќе Гогов, кој наскоро заминува во пензија. Кузмановска е специјалист педијатар, вработена во болницата.

Беше член и на советот на општина Струмица, но и пратеник во Собранието.

Докторката Катерина Кузмановска директорка на струмичката болница е во период кога болницата треба да ја заврши модуларната болница. Но, исто така ѝ претстои и отворање на новиот крак на болницата и нејзина гасификација.

Досегашниот директор, доктор Наќе Гогов ја водеше болницата изминативе 3,5 години, а најзапаметен е неговиот ангажман последнава година со пандемијата. Струмичката болница изминатите месеци беше една од најтранспарентните институции, којашто навремено ги доставуваше информациите за состојбата со коронавирусот во општината.

Доктор Наќе Гогов следниот период треба да замине во пензија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *